Супер Марио Балотели не заборавил да игра фудбал. Италијанецот е играчот кој ќе го слават навивачите на Ливерпул оваа вечер. Тој влезе во игра во 74 минута на дербито против Тотенхем при резултат 2-2 и го постигна победоносниот гол за својот тим. Тоа беше првиот гол за Италијанецот во дресот на Ливерпул во Премиер лигата по 13 одиграни натпревари и 800 минути поминати на теренот.
Менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс се чини му ја даде последната шанса внесувајќи го во игра на местото на Даниел Стариџ и тој успешно ја искористи носејќи му три бода.
Натпреварот со голови го отвори Лазар Марковиќ во 15 минута. Очекувано стрелец на израмнувачкиот гол за Тотенхем беше Хари Кејн кој оваа сезона успеа да им даде голови на на Челси и Арсенал.
Во вториот дел иконата на клубот Стивен Џерард повторно го носи својот тим во водство од 2-1 по удар од белата точка, но Тотенхем не се предаде и преку Дембеле успеа повторно да го израмни резултатот по асистенција на Кејн.
Резултатот беше 2-2 се до 83 минута кога Балотели ладнокрвно успеа да го совлада Уго Лорис и да му донесе три бода на својот тим.
Liverpool vs Tottenham Hotspur 3-2 All Goals… by EarthSavi
Арсенал рутински славеше победа во натпреварот против Лестер со 2-1 на Емирати стадионот. Избраниците на Арсен Венгер лесно дојдоа до водство од 2-0 со головите на Кошчиелни и Волкот во 27 и 41 минута од натпреварот. Едниствениот гол за Лестер беше дело на новајлијата Крамариќ кој дојде во зимскиот преоден рок од Ријека. Тоа беше се што сторија гостите кои по се изгледа на крајот од оваа сезона ќе се преселат во понизок ранг бидејќи се заковани на последното место на табелата со само 17 бода.
По оваа победа Арсенал се искачи на четвртото место со 45 бода.
Arsenal vs Leicester City 2-1 All Goals and… by enteritament
Останатите денешни натпревари завршија со следните резултати:
Хул – Астон Вила 2-0, Сандерленд – КПР 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



