| четврток, 6 декември 2018 |

Групата „Кибер Халифат“ го хакираше „Њузвик“ и се закани на Обама

10022015210243_newsweek1

Хакери од групата „Кибер Халифат“ кои упаднаа на профилот на твитер на магазинот „Њузвик“ се заканија на претседателот на САД Барак Обама и на неговото семејство.

Групата објави порака „Кибер Халифат“ и „Јас сум Чарли“. Пораката на групата на твитер гласеше „Кибер Халифат Крвав Св. Валентајн, Мишел Обама! Те набљудуваме, твоите ќерки и твојот сопруг!“.

Истата група минатиот месец презема одговорност за нападот на профилите на социјалните мрежи на Пентагон.

Објавена е и порака, поврзана со активностите на САД во муслиманскиот свет.

– Додека САД и неговите сателити убиваат наши браќа во Сирија, Ирак и Авганистан, ние го уништуваме вашиот национален систем за кибер безбедност одвнатре, гласи пораката на груапата на твитер.

„Њузвик“ ги отстрани објавените пораки на „Кибер Халифат“. Засега не е познато колку долго траел нападот. Групата презема одговорност и за нападот на твитер и на јутјуб профилите на Централната команда на САД, која раководи со операциите на Блискиот Исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top