| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку шестмина загинати во ракетен напад во источна Украина

Најмалку шест луѓе загинаа при ракетниот напад врз Командата на украинската армија во Краматорск, источна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

Во нападот се повредени 21 лице. Краматорск се наоѓа зад борбената линија и е под контрола на владините сили.

Нападот бил извршен со ракетите „торнадо“. Претставник на украинското Министерство за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „торнадо“ се руски најнов ракетен лансер со повеќе цевки, а Украина нема такви.

Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека ги снабдува проруските сили во источна Украина со војници и оружје. Проруските сили тврдат дека оружјето е запленето од украинските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top