Официјални претставници на косовската Влада тврдат дека веќе почнале да ги применуваат првите мерки за запирање на масовното иселување на Албанците од Косово преку Унгарија кон земјите на ЕУ, и тоа првично со простување на долговите на граѓаните и помагање на најзагрозените категории.
Министерот за труд и за социјални прашања и портпарол на косовската Влада, Арбан Абраши, во ијзва за весникот „Блиц“ на албански јазик рече дека владата подготвува конкретни мерки за запирање и борба против илегалната емиграција.
– Почнавме со простување на долговите, а ќе продолжиме и со другите мерки толку колку што буџетот ќе ни го дозволи тоа – рече Абраши.
Договорено е, наведува тој, при ребалансот на буџетот приоритет да бидат мерките повразни со различните материјални трошоци. Додаде дека е договорено формирање посебен фонд за поддршка на најзагрозените групи, подобрување на нивниот социјален статус и создавање нови работни места.
Исто така, тој најави и подобрување на деловниот амбиент, како и утврдување на бариерите кои, како што кажа, ги спречуваат претпријатијата во нивниот раст и развој.
Абраши ја повика опозицијата да се вклучи во оваа акција со конкретни идеи, а не само со импулсивни предлози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации