| четврток, 6 декември 2018 |

Сите волонтери и вработени со договор на дело ќе бидат редовно вработени (видео)

пешевски

– Сите ангажирани лица кои не се во редовен работен однос, најмалку 3 месеци, заклучно со 30.11.2014 година, ќе може да го остварат правото на договор на неопределено време – истакна денеска на прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски.

Законот стапува во сила по донесувањето во Собранието, а институциите имаат рок од 30 дена да склучат договори со засегнатите лица.

Договорите ќе бидат склучувани етапно, во 3 групи. Првата група со кои веднаш ќе бидат склучени договори на неопределено време ќе опфати 35 отсто од лицата со вакви договори, втората група од 35 отсто од лицата ќе добијат решенија за работа на неопределно време до 1.12. 2015 и третата група која ќе го опфати остатокот од ангажираните лица, ќе добијат решенија за работа до 1.9.2016 година.

Приоритет при добивање договори за неопределно врме ќе имаат оние лица кои се ангажирани најдолго време со вакви договори.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top