Боб Хјуит е еден од најтрофејните тенисери на сите времиња, ако се сметаат гранслем-титулите, ги има вкупно 15 во игра на двојки, а сега се најде на суд за силување. Хјуит има 75 години и три случаи на силување тинејџерки во периодот од 1981 година до 1994 година. Две 16-годишни девојки во 1981 година биле цел на сексуалните иживувања на Хјуит, а последната жртва имала 18 години, а тенисерот ја нападнал во 1994 година.
„Што и да се случи и каква и да биде пресудата, никогаш нема да се повратам од вакви обвиненија“, изјави 75-годишниот Хјуит. Поради обвиненијата за силување Хјуит е исфрлен од „Куќата на славните“ во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.