Еден работник во ресторан на „Мекдоналдс“ во американската сојузна држава Минесота бил многу лут кога добил отказ, па решил да остане запаметен по незаборавното „шоу“ за збогум.
Пред да го напушти работното место, неименуваниот Американец искршил сè што можело да се скриши во ресторанот и ги навредувал своите дотогашни колеги.
Тие заедно со шефот се обидувале да го смират бесниот работник, кој ги „почестил“ со пцости и со навреди, но не успеале во тоа.
Ненормалното однесување на отуштниот работник го снимиле гости во ресторанот, кои потоа видеозаписот го објавиле на интернет. За помалку од 24 часа видеото имало повеќе од 50.000 прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)