Локалниот разгранок на Ал Каеда, Џама Исламија, сакал да го убие папата за време на неговата посета на Филипините.
Извршител на нападот требало да биде малезискиот терорист познат под прекарот Марван, чиешто вистинско име е Зулкифи бин Абдхир, стручњак за експлозиви, чиишто „услуги“ ги користеле многу џихадистички организации. Овие информации, како што пренесува италијанскиот весник „Кориер де ла Сера“ (Corriere dela Serra), ги изнел шефот на филипинската полиција и поранешен прв човек на специјалните единици на оваа земја.
Според неговите зборови, Марван требало да изработи бомба што би експлодирала за време на процесијата на папата вечерта на 18 јануари, на патот до местото на кое е одржана миса. Филипинците не соопштуваат што е причината за неуспехот на атентатот.
Една недела подоцна, Марван е убиен во акција на специјалците. Неговата смрт ја потврди и ФБИ, пишува „Кориер де ла Сера“, додавајќи дека по него беше распишана награда од милион долари.
Џама Исламија изврши некои од најкрвавите напади во регионот, меѓу кои е и тој во октомври 2002 година во ноќниот клуб на Бали, во кој загинаа повеќе од 200 луѓе, а уште 200 беа ранети, повеќето од нив странски туристи.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка