| четврток, 6 декември 2018 |

Борче Стамов: квалитетни проекти и решенија за Дојран

stamov

Дојран во последните четири години почна да го менува својот лик. Работите тргнаа на подобро. Вака кандидатот за градоначалник на Дојран, Борче Стамов, ја започна својата прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.

Конечно излеговме од летаргијата која беше карактеристика за Дојран во времето на СДСМ. Во нивното 19 годишно управување со општина, не оставија ниту дело, ниту нешто трајно по што можеме да се сеќаваме.  Оставија само пустош, без ниту една посериозна инвестиција или проект.

Изминатите четири години, локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да реализира неколку капитални проекти, кои го менуваат имиџот на Дојран. Тука е новиот кеј на Дојранското езеро во должина од 3,5 км, потоа двете тениски игралишта во Нов и Стар Дојран. Изграден е музеј на првата светска војна, а при крај е уредувањето на рекреативна патека долж линијата на фронтот од таа војна. Конечно добивме репрезентативна Летна сцена за одржување на културни манифестации во Дојран, а во блиина целосно е изградено ново основно училиште во стар дојран. Сето ова, и низа помали проекти допринесоа во Дојран да се изгради една цела нова населба од викендички, и овој позитивен тренд, во новиот мандат планирам да го задржам.

Направивме многу, меѓутоа се уште сме далеку од градот кој сакаме да бидеме, се уште не можеме да кажеме дека Дојран го доби ликот на градот каков што сакаме да го претставиме пред нашите гости. Имаме уште многу работа, а имаме и визија.

Во новиот мандат, ќе спроведеме низа квалитетни проекти и решенија за проблемите  во Дојран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top