Ѕвездите се надминаа во необичната и уникатна, на момент и невкусна, облеки на синоќешното доделување на музичките награди пандан на „Оскар“, кои по 57. пат се одржаа во Лос Анџелес. Дваесет и двегодишниот Сем Смит беше момчето што доминираше со четири освоени награди „Греми“ на сцената, а на црвениот килим, пак, владееше ексцентричноста.
Музичките ѕвезди и овој пат ги избраа „Греми“ како слободен мегдан за покажување на својата посебност или за поместување на границите на нормалното. Пред „Стејплс центарот“ вчера доминирааа, пред сѐ, долгите фустани.
Лејди Гага, покрај постариот колега и соработник Тони Бенет, се појави во сосема соодветно и пристојно издание, не баш вообичаено за неа.
Косата на Сија, пак, беше најозборуваниот детаљ по социјалните мрежи.
Ријана ја споредија со шеќерна волна.
Мадона со матадор со гол задник.
Непознатата актерка Џој Вила во неуспешен обид да стане позната.
Секогаш згодната парнерка на Фарел Вилијамс во лоша епизода со тренерка.
Виножитото на Џени Луис.
Албанката Блеона во необична креација, но барем не е гола како на претходниот црвен килим.
Меган Треинор со лоша креација, која ја прави неколку децении постара и неколку килограми подебела.
Рита Ора како дискотопка во фустан што невкусно се влечеше по земја.
Каја Џонс – не е потребен комнтар.
Фото: EПA
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
















