Поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ и хрватскиот ракометен талент Марко Бувиниќ ќе го засилат Металург пред тешките искушенија во Лигата на шампионите, СЕХА-лигата и во домашното првенство. Металург сѐ уште игра на три фронта и покрај огромните проблеми и заминувањето на речиси комплетниот тим, а Стојановиќ и Бувиниќ ќе бидат добредојдени за засилување на скромниот играчи кадар.
Стојановиќ беше македонски репрезентативец сѐ до мундијалот во Хрватска во 2009 година, па потоа не беше повикуван, сѐ до СП во Катар годинава, кога го одби повикот.
Бувиниќ е десно крило, играше во Пореч и има 22 години и е еден од најефикасните во најквалитетната хрватска лига.
На 15 февруари Металург го очекува тешко гостување во Германија, кај една од најдобрите екипи на планетата Кил, а потоа на домашен терен против Загреб, една седмица подоцна, македонскиот првак ќе се прости од настапот во елитното друштво. Шансите за настап на завршниот турнир за титулата се загубени и во СЕХА-лигата, па на Металург му останува битката за одбрана на трофејот во домашното првенство и во националниот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



