| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарската полиција приведе 880 косовски емигранти

мигранти

Унгарската полиција привела во текот на вчерашниот ден 937 емигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница, од кои 880 се косовски Албанци.

Останатите уапсени се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и Нигерија.

Косовските Албанци поднеле барања за азил. Во изминатите три дена унгарската полиција во илегално преминување на границата привела повеќе од 2.000 емигранти меѓу кои најмногу биле жители на Косово.

Според медиумите, унгарските органи ги зајакнале контролите и во внатрешноста на државата и во измиатите три дена околу 250 косовски Албанци биле „симнати“ од брзи возови во Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top