Германската канцеларка Ангела Меркел не се согласува со оцената на американскиот претседател Барак Обама дека вооружувањето на Киев е единствен начин да се сопре Путин.
Спротивставените мислења меѓу сојузниците од двете страни на океанот кулминираше минатиот викенд на безбедносната конференција во Минхен.
Меркел порача во Минхен дека дополнителна примена на сила против проруските сепаратисти на истокот на Украина ќе предизвика само спротивен ефект.
– Уверена сум дека дополнително оружје нема да донесе напредок каков што ѝ е потребен на Украина – изјави канцеларката, која денеска во Вашингтон има средба со Обама. Нејзината изјава веднаш испровоцира остар одговор од САД. Влијателниот сенатор Џон Мекејн ја обвини Германија за рамнодушност против украинскиот народ.
– Се добива впечаток дека Ангела Меркел не знае или не сака да знае дека во Украина гинат луѓе. Украинците секојдневно се масакрирани, а ние им праќаме ќебиња и оброци. Тоа нема да помогне во борбата против армијата на Владимир Путин – порача Мекејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.