Селекцијата на Брегот на Слоновата Коска го освои трофејот купот на африканските нации во своето јубилејно 30.издание откако во финалето ја совладаа репрезентацијата на Гана по изведувањето на пеналите.
Натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0-0, а овие бројки останаа на семафорот и по продолженијата од двапати по 15 минути.
Двете селекции созададоа неколку шанси, но сепак мрежите мируваа. Влогот беше голем и не смееаја да направат кикс во одбраната по што би го изгубиле финалето.
Гана добро го отвори пенал рулетот откако во првите две серии водеа со 2-0. Во овој дел за Брегот промашија Бони и Тало. Сепак во следните две серии обратна слика. Двете изведувања ги реализираа репрезентативците на Брегот додека Гана ги промаши изведувањата во третата и четвртата серија (Аква и Ачеампонг). Од тогаш до крајот двете репрезентации беа успешни се додека не дојде редот да изведуваат голманите.
Во 11.серија промаши голманот на Гана, Разак. Неговиот колега од спротивната страна, Бери, беше прецизен, носејќи им го новиот трофеј на „слоновите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)