![]()
Македонец е пронајден мртов во својот дом во Џенет Крис, близу Мелбурн, објави порталот „Фаланга“. Станува збор за 62- годишниот Јован Козаров. Неговото тело било пронајдено околу 9 часот наутро.
Неговатa сопруга прва го открила и случајот го пријавила во полиција.
![]()
Јован и неговата сопруга имале две деца, ќерката Биљана и синот Роџер кои живееле во нивната семејна кука. Роџер Козаров (38) син на убиениот, првично бил уапсен во локалниот хотел, набрзо по истрагата за убиството.
Откако бил сослушан бил пуштен дома, но портпаролот на Викториската полиција изјавил дека тој ќе биде изнесен пред истражен судија во судот во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


