Општината Ѓорче Петров продолжува со реализација на инфраструктутни проекти. Како и изминатата година, кога беа реконструирани 16 улици во урбаниот и уште толку во руралниот дел, и оваа година продолжува реконструкцијата и изградбата на нови улици.
Како што нагласи градоначалникот на општината Сокол Митровски со отпочувањето на градежната сезона ќе се завршат работите на улицата „Австралиска“ во должина од 245 метри, улицата „Антон Чехов“ во должина од 2014 метри, „Антон Кецкаров“ во должина од 210 метри, „Јадранска“ во должина од 100 метри. Сите овие улици, како што нагласи градоначалникот, ќе бидат широки по 5,5 метри.
Освен овие ќе се рекунструираат и изградат и „Исаја Маџовски“ во должина од 210 метри, „Браќа Галеви“ во должина од 100 метри, „Алекса Демниевски“ со вкупна должина од 436 метри и уште многу други.
– За реализирање на овој проект обезбедени се средства преку кредит од Светска банка во висина од 79.927.000 денари со грејс период од 3 години и каматна стапка од 0,2 отсто и рок на вараќање од 10 години, истакна Митровски.
Во текот на 2015 година ќе се прошират и капацитетите детската градинка Росица, односно на клонот Детелинка, кој ќе биде со капацитет да прими 80 нови дечиња.
За овој проект се издвоени 4.390.000 денари, а градежните работи ќе започат во јуни годинава.
Освен тоа ќе се продолж и со изградбата на фекална канализација во Кисела Јабука и Волково. Градежните работи ќе започнат во текот на месец јуни.
– Минатата година изградивме 270 метри од патот Стопански двор – Свиларе, а годинава ќе продолжат работите на останатиот дел од патот во должина од 1.020 метри, што ќе им овозможи на граѓаните побрза комуникација кон другите делови на општината, нагласи Митровски.
Како еден од најважните проекти предвидени за оваа година, како што нагласи градоначалникот на општината, е изградба на новата општинска зграда, која би тербало да биде завршена во наредните две години и ќе чини околу 4 милиони евра.
– Правиме исклучителни напори да изградиме инфраструктура која ќе ги задоволи основните потреби на нашите сограѓани. Градевме и ќе градиме и повеќе од тоа што го ветувавме, заклучи Митровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.