Хуан Дел Потро е вториот финалист на Индијан Велс, по победата над Новак Ѓоковиќ на Индијан Велс со 4-6, 6-4, 6-4. Првиот сет го доби Ѓоковиќ со брејк на 5-4. Вториот сет со брејк го отвори Дел Потро, кој предноста ја сочува до крајот.
Ѓоковиќ во третиот одлучувачки сет поведе со 3-0, но Дел Потро се врати до 3-3 и потоа со уште еден брејк го доби полуфиналето.
Дел Потро игра денеска против Надал, кој вчера триумфираше над Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.