Во Европа постојат терористички ќелии подговени да преземат акција против западни цели, бидејќи според нив Западот се претворил во место каде се заштитуваат хомосексуалците, педофилите, алкохоличарите, наркоманите, како и обичаите кои се забранети во животот.
Ова во емисијата „Ле лене” на италијанската телевизија го тврди џихадист кој зборува на албански, но не потврдува дали е од Косово или од Албанија, пренесуваат албански медиуми.
Според него, ниеден верник не може да толерира навреди врз пророкот Мухамед и оти за тоа тој е подготовен на убие.
Сирија е претворена во земја каде се собираат џихдистите од разни земји од светот и Албанецот во интервјуто објаснува како се „ловат” и потоа се обучуваат. Тој дадава дека прво го контактирал некој неков пријател Косовец по што преку Турција дошол во Сирија.
-Во камповите за обука може да влезеш и излезеш кога сакаш. Те остваат да се обучуваш за кое оружје сакаш, каде се чувствуваш поспособен. Херој е оној кој го брани зборот на Господ, вели албанскиот џихадист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа