Градоначалникот на третиот по големина град во Албанија беше уапсен заради корупција.
Шпетим Гика од владејачката Социјалистичка партија, градоначалник на Валона беше уапсен синоќа заедно со друг вработен во општината и директор на градежна фирма.
Обвинителството посочи дека тројцата уапсени се обвинети за злоупотреба на службена должност, фалсификување документи и незаконско градење.
Гика (52) лани беше ослободен од такви обвиненија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.