| четврток, 6 декември 2018 |

Куновска: Економска зона во Бардовци за да се вработат младите

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куноска вечерва во Бардовци вети изградба на нова економска зона што ќе им стои на располагање на странските инвеститори.

Економската зона ќе се простира до пругата кај обиколницата и ќе биде атрактивна локација и погодно место за отворање производствени капацитети.

– Ја предвидовме економската зона за да се отворат работни места, за да се вработат нашите млади, конечно и тие да добијат работно место, да имаат свој личен доход, да формираат семејства, порача Куновска.

Како приоритетни Куновска ги најави еколошките проекти за чиста околина, чист Лепенец, а во програмата е предвидено и санација на фекалната канализација во Бардовци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top