| четврток, 6 декември 2018 |

Западот подготвен со сите сили да ѝ помогне на Украина

NATO-Ukraine_philip-

Западот е подготвен да ги искористи сите инструменти од својот арсенал за да ѝ помогне на Украина во битката против проруските сепаратисти, изјави на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен највисокиот воен чин во НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав.

Тој не прецизира дали тоа значи и вооружување на Киев.

Бридлав наведе дека дебатата е меѓу оние кои веруваат дека не е можно воено решение на украинскиот конфликт, како што се Германија, Франција и Велика Британија и тие кои сметаат дека Путин бара воено решение за украинското прашање.

Тој посочи дека ако преговорите не ги дадат посакуваните резултати тогаш треба да се искористат сите инструменти и конвенционални средства не треба а приори да бидат отфрлени.

Генерал Бридлав минатата недела изјави дека на украинската армија треба да ѝ се достави дефанзивно оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top