| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: На 24 март да им вратиме бидејќи Македонија jа направија рекордер во беда

Бидете дел од големата победа за победнички Штип. На 24 март да им вратиме, да им наплатиме бидејќи Македонија ја направија светски рекордер во беда, им порача лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на штипјани на вечерашниот митинг на коалицијата Сојуз за иднината на кој беа промовирани кандидатот за градоначалник Здравко Коцев и советничката листа, чиј носител е Јане Миланов.

Црвенковски побара од граѓаните на Штип да помогнат во промената на генералниот курс за да опстои Македонија.

– Македонија за да опстои, за да има сигурна иднина, мора да го промени генералниот курс. Тоа само од себе нема да се случи. Тоа мора да го направиме сите ние, целиот наш народ, со својата волја и одлучност и тоа така како што ни личи, како што ни доликува, на избори. Прво на локалните, а веднаш потоа и на предвремени парламентарни избори, порача Црвенковски.

Тој рече дека Здравко Коцев е проверен кадар кој можел да ги реши проблемите на граѓаните и да го направи Штип вистински центар на Источна Македонија.

– Програмата ја правевме девет месеци. Во неа е предвидено уредување на коритото на реката Отиња, кеј на реката Брегалница со спортско-рекреативни содржини, старечки дом, проширување и уредување на сите влезови во градот, водоводи, канализација,и  хигиена, рече Коцев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top