-Поддржете луѓе кои се докажани, кои направиле дела, кои знаат како да раководат со општината. Одете на проверено и на сигурно, не на некој кој допрва треба да се учи што е оперативна работа, што е економија или правни процедури. Имаме човек кој во тешки времиња покажа завидни резултати. Тоа што го направи Арсенчо Алексовски за Крива Паланка беше максимумот, порача премиерот Никола Груевски на вечерашниот митинг во Крива Паланка.
Груевски уште еднаш повтори дека покрај поддршката за градоначалникот, важно е да се поддржи и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ затоа што без мнозинство во советот работата ќе остане незавршена.
– Доколку некој сака да поддржи некој градоначалник, треба да ја поддржи и советничката листа. Ова е многу важно, зошто ако некој градоначалник сака да заврши некој проект, треба да има поддршка и од советниците за да не биде со врзани раце. Затоа, дајте поддршка за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка. Само така целосно ќе го поддржите Арсенчо Алексовски, рече Груевски.
Груевски го обвини противкандидатот на Алексовски за градоначалник на Крива Паланка од коалицијата Сојуз за иднината дека препишал 80 проценти од програмата.
Не е работата само да се препише, туку потребно е да се направи некоја конкретна интервенција, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата