Позната бинго-девојка и бивша манекенка Натали Грубовиќ во моментот живее во Белград, каде што ги завршува постипломските студии по маркетинг. Но, сосема непланирано, освен со магистерска диплома, Натали се закити и со нова љубов. Грубовиќ веќе една година е во љубовна врска со новосаѓанец, чие име засега не сака да го открие, пишува „Убавина и здравје“.
– Вистина е дека сум во врска со момче од Нови Сад. Сè уште не сакам да откријам детали од врската затоа што тој сака да остане анонимен, но кога ќе дојде време за тоа, верувајте дека први ќе дознаете. Сега засега ни е супер, заедно живееме и максимално сум исполнета и среќно вљубена – изјави Натали за порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.