Постојат одредени судир меѓу официјалните претставници на Европската унија и новата грчка влада за време на првите 10 дена на власт, но не толку поради спасувачките заеми и програмата за плаќања, колку поради стилот на облекување.
Речиси целиот грчки кабинет, назначен минатата недела, го усвои стилот на облекување на 40-годишниот премиер Алексис Ципрас, кој категорично одбива да носи вратоврска, дури и кога е во костум.
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, скокотливо ја потфатил отворената јака на Ципрас, додека тазе премиерот го пречекуваше својот прв гостин на висока функција.
Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, направи сличен гест во Париз во текот на викендот, кога смеејќи се, ја фати марамата на широки пруги, која ја носеше вториот министер за меѓународни економски односи, Евклидис Цакалотос , и му ја заврти околу вратот.
Италијанскиот премиер Матео Рензо отиде уште подалеку и во вторникот навечер му подари на Ципрас италијанска вратоврска, за да ја носи кога Грција, конечно, ќе излезе од долготрајната финансиска криза.
Ципрас пред изборите изјави дека ќе носи вратоврска ако Грција постигне договор за намалување на долгот.
Ние, навистина, би сакале да ѝ подадеме рака на Грција, што не значи дека секогаш ќе се согласуваме со тоа што го кажувате. Но, ние сме сигурни дека Грција ќе излезе од кризата и кога тоа ќе се случи, ќе бидеме среќни ако премиерот носи италијанска вратоврска – рече Рензо, предизвикувајќи смеа кај грчката делегација.
Не е само недостиг од вратоврски. Погледи со неверување беа упатени и за време на церемонијата на положување заклетва на новата коалициска влада минатата недела, кога Зои Констандопулу, предложена за претседател на новиот парламент, пристигна со циклама панталони и со жолто палто.
Досега, најзачудувачки иноватор во модата на новиот грчки кабинет е министерот за финансии Јанис Варуфакис.
Арогантен и со остар јазик, 53-годишниот Варуфакис, си создаде имиџ на рок- ѕвезда во Грција и поради неофицијалниот стил, и поради манирите на конфронтација кон доверителите на Грција. Варуфакис пристигна на средби со мотор и со ранец преку рамото.
Тој никогаш не носи вратоврска, никогаш не ја става кошулата во пантолоните и често ја носи јаката дигната нагоре. Тој си ја држи едната рака во џебот, дури и кога поздравува странски високи претставници и има една од најкоментираните комбинации, кои ги некогаш ги носел еден грчки политичар.
Неговото пристигнување во понеделникот на средба во Лондон со британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, предизвика лавина од коментари, и позитивни и негативни, како Варуфакис чекори по Даунинг стрит, облечен во тесни црни панталони, со неговото долго до колено, црно зимски палто и светло сина кошула.
Беше очигледно на Даунинг стрит дека стануваме сведоци на моден настан, напиша Фокс за„Гардијан“.
Таму беше Озборн, кој е познат со модниот имиџ, со фризура во стил Јулиј Цезар и убав костум, и се ракуваше со маж во светлосина кошула и палто како на дилер на дрога од почетокот на 90-тите, пишува Фокс за „Гардијан“.
Изгледот на Варуфакис и неговата првична конфронтација со холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата Јерун Дејселблум минатата недела , им се допадна на многу грци, кои го фалат за обновата на тоа што сметаат дека го загубиле за време на петте години тешка финансиска криза, а тоа е чувство на достоинство.
Фан страната на „Фејсбук“, основана викендот, веќе има над 46 илјади допаѓања. По посетата на Лондон, кога Варуфакис замина за Рим, неговиот дрес-код не остана незабележан и од Италијанците.
„Стилот на Атина“, напиша водечкиот италијански дневен весник „Република“ во насловот, близу до фотографијата од средбата на грчкиот министер со Озборн, на која се гледа дека е без вратоврска, носи распашана кошула и јакна.
Тоа открива многу за желбата на Грција да не почитува никакви правила, напиша „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.