Карневалско лудило, како и секоја година ја зафаќа Струмица на Тримери, ден пред христијанскиот празник Прочка. Ниту студеното време не беше пречка над 2.800 учесници да ги покажат своите маски кои со месеци ги погтовуваат за струмичкиот карневал. Над 60 маски продефилираа по струмичките улици, облечени во своите грациозни костими кои се рачно изработени. Како и секогаш, провејува сексапилот, а секоја маска има своја приказна.
Годинава прв пат учесниците на карневалот сами ги одбраа принцот и принцезата. Најмногу гласови добија англиските благородници Верица Милушева и Дени Делев.
Фото: Ѓорѓи Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.