| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Тешко ми е, Металург ми е во срцето

Лино Червар со емотивен говор се обиде да ја објасни ситуацијата во Металург и да ги образложи причините за кризата во таборот на македонскиот првак. Хрватскиот стратег најави дека ќе остане на кормилото на Металург, но и изјави дека поскоро би морало да се најде решение за излез од големата финансиска криза што го зафати клубот.

– Јас мислам дека добро работевме во мојата ера. Постигнавме забележителни резултати на меѓународна сцена, афирмиравме многу ракометари и јас со радост зборувам за минатиот период во Металург. Жал ми е за ваквата ситуација. Тешко ми е особено заради играчите со кои имав одлична соработка. Не очекувавме криза од вакви размери. Многумина си заминаа и останавме со тим што е составен од млади играчи и тоа е реалноста. Ќе треба да ја истуркаме сезоната и да се обидеме да ги истуркаме младите да созреат. Тешко ми е, но без финансии не се работи во врвниот спорт. Но, тоа е животот – изјави Лино Червар.

lino-cervar-1

Тој е петта година во Металург, како главен кормилар и еден од креаторите на значајните успеси на клубот и на домашната и на меѓународната сцена. Дали хрватскиот стратег ќе почне нов циклус на изградба на Металург со план да се афирмираат помладите играчи, или драмата со Металург ќе заврши со непосакуваното сценарио, пред сѐ зависи од спонзорот Минчо Јорданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top