На првата трка во машка конкуренција на Светското првенство во алпско скијање што се одржа во американскиот скијачки центар Бивер Крик победи австрискиот скијач Ханес Рајхлт во супервелелслалом со време од 1:15,68 минута.
Втор на целта пристигна Џастин Кук, големото канадско изненадување, кој заостана само 11 стотинки зад победникот, а трет е Французинот Адриен Тео со време од 1:15,92 минута.
Главниот фаворит за златниот медал и лидер во Светскиот куп во оваа дисциплина, Норвежанецот Кјетил Јансруд, заврши на разочарувачкото четврто место, заедно со Матс Мајер. Јансруд, кој е еден од најдобрите во оваа дисциплина, со години никако да се закити со златен медал на светските првенства, а на претходното СП освои бронзен медал.
Веднаш зад нив, на 6. место, беше славниот Норвежанец Аксел Лунд Свиндал, кој првпат настапи сезонава по паузата поради повреда.
Победата на Рајхелт остана во сенка по стравотниот пад на миленикот на домашната публика Боде Милер, кој, за среќа, не мина со тешки последици по неговиот живот. Тој при еден удар со рамото во една од капиите се сврти и падна, заработувајќи „само“ исеченица на десната нога. Тој веднаш е префрлен во болница, каде што му е санирана повредата со неколку конци, но, сепак, е под знак прашалник учеството на некои од другите трки на Светското првенство.
Денеска е на програмата трката во спуст во женска конкуреција. Најголем фаворит е Американката Линѕи Вон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)