| четврток, 6 декември 2018 |

Натпревар за најубаво вино и ракија во Неготино

rakija

Општина Неготино организира натпревар за најубаво вино и ракија во рамки на традиционалната „Недела на виното“, која вообичаено се одбележува во рамките на прославата на верскиот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите.

– Како и секоја година, се организира дегустација-натпревар во вино и во ракија на индивидуални производители од општина Неготино, како и дегустација на вина произведени од винарски визби – информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.

Организаторот ги информира заинтересираните граѓани кои со свои производи сакаат да учествуваат на овој натпревар, дека е потребно да донесат по две мостри од виното и од ракијата најдоцна до вторник (10.02.2015 година), во просториите на општина Неготино.

Дегустациите во двете категории ќе се одржат на 12 и 13 февруари, а мострите ќе бидат оценувани од стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија.

На производителите на најдобрите вина и ракии наградите ќе им бидат врачени на централната прослава на празникот Св. Трифун, на градскиот плоштад во Неготино, в сабота на 14 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top