| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо е геј?

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ги шокираше своите фанови објавувајќи на својата официјална фејсбук страница дека е геј.

На профилот на напаѓачот на Реал денеска осамна негова фотографија на која тој ги држи палците кренати нагоре, а над сликата пишува „I’m gay“.

Фотографијата беше тргната од профилот на Португалецот за многу кратко време, а за сега нема информации дали станува збор за упад во профилот на Роналдо или за шега на администраторите на неговата фејсбук страна.

Интересно е тоа што за само неколку минути сликата добила половина милион „like“ и над 15.000 „share“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top