Командантот на НАТО во Европа, Филип Бридлав, предупреди денеска дека испраќањето модерно оружје во Украина може да провоцира остар одговор од Русија.
Бридлав за време на седница на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел изјави дека помош на Украина во оружје во судирите со проруските сили би предизвикала Русија „остро да одговори“.
НАТО засега и помага на Украина во реформите на вооружените сили и во лекови и опрема за помош на ранети. Некои држави се залагаат за испраќање дефанзивно оружје како што се радарски системи и уреди за електронско извидување и попречување. Дипломати укажуваат дека алијансата не може да спречи членки на билатернално ниво да ѝ испратат на Украина воена помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа


