| четврток, 6 декември 2018 |

Музичка работилница со Пеце од „Суперхикс“

Македонските музичари на 6 февруари во кафулето „Соулматик“, со почеток во 14.30 часот, ќе имаат можност бесплатно да присуствуваат на работилницата „Создади и снимај“ водена од Петар Младеновски, водачот на групата „Суперхикс“. На десеттата работилница одржана во регионот, македонскиот музичар ќе сподели искуства со младите музичари како дел од програмата „Converse Rubber Tracks“, која е креирана од брендот „Converse“.

Талентираните уметници од Балканската музичка заедница, преку овој проект ќе може креативно да се изразат. Пријавувањето за конкурсот за снимања во професионално студио е директно и почнува од 1 до 29 март на веб-страницата www.converse.rs.

Електронското гласање на фановите ќе биде отворено до 4 април и ќе овозможи да се направи селекција од 15 бендови. Сепак, стручното жири ќе избере 7, кои ќе добијат можност да снимаат во професионални студија во Србија, под будното око на домашни и странски продуценти кои доаѓаат од Америка. Изведувачите ќе поминат доволно време за создавање нов материјал, а потоа комплетно ги задржуваат правата врз својата музика.

Converse Rubber Tracks натпреварите досега се одржани во САД, Бразил, Шпанија, Германија и во Холандија. Converse Rubber Tracks им даде можност на повеќе од 500 музичари да го искусат единственото доживување да снимаат во врвни професионални студија со тим од искусни продуценти, без трошоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top