Оваа година одбележуваме 11 години од неговата смрт. Веројатно првите години по смртта немавме ни сили ни волја да зборуваме за тоа што се случи и како понатаму, зборува Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“ во неговото интервју за „Женски магазин“.
- Од оваа дистанца едно нешто е јасно и со едно нешто барем јас лично се помирив а тоа е дека сите нас не очекува тој момент порано или подоцна, и е работа на судбината и некакви вселенски математики. Ќе го паметам по секој момент што заедно сме го проживеале. Од летувањата во Грција секое лето како деца, тепачките и караниците кој што и колку изел или колку сок испил и зошто некој помалку некој повеќе. По сите негови плочи и касети кои ми ги пуштал, по неговите забави дома кај нас во Капиштец, по тоа како со часови знаеше да се затвори и да слика. Па, јас цели дијалози или моменти кои сме ги имале заедно и денес си ги премотувам во главата. Така е се уште со мене…- вели Пеце.
Прочитајте го целото интервју на „Женски магазин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.