| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за познат скопски крадец

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава за Ф.С.(20) од Скопје поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело разбојништво, за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот со намера да се здобие со противправна имотна корист на 13.1.2014 година на ул. „Благоја Паровиќ“ во ПЗУ аптека „Голд мун“ со закана со пиштол и закана по животот на вработената одзел 18.000 денари.

Од обезбедениот и обработен видеозапис од безбедносните камери на аптеката е потврдено како Ф.С. го извршува кривичното дело, по што со наредба од  судија  на претходна постапка е извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 10 парчиња муниција калибар 9 мм.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела и за него во периодот од 2009 – 2014 година се поднесени 13 кривични пријави за извршени 25 кривични дела и тоа тешка кражба – 25, разбојништво–3, одземање моторно возило–2, и по едно дело кражба, противправно лишување од слобода и силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top