| четврток, 6 декември 2018 |

ИД егзекутирала тројца Кинези поради обид да побегнат од нивните редови

 ид

Џихадисти од групата Исламска држава (ИД) егзекутирале тројца Кинези, кои се бореле на нивна страна во Ирак и во Сирија бидејќи се обиделе да побегнат, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Еден од кинеските исламисти бил осуден од суд на ИД и застрелан во Сирија, а другите двајца се обезглавени во Ирак. Убиствата се извршени во септември и во декември минатата година.

Заедно со двајцата кинески џихадисти во Сирија, исламистите обезглавиле уште 11 свои борци од 11 земји. Тие биле обвинети за предавство и обид да избегаат од редовите на групата.

Кинеските власти сметаат дека околу 300 кинески екстремисти се борат во редовите на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top