| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски и Тодоровиќ го промовираа проектот за скејт-парк во Скопје

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ  денеска го промовираа проектот за изградба на Скејт парк во Скопје.

Со изградба на скејт-парк на територијата на град Скопје ќе се реализира дамнешната желба на многу љубители на овие нови спортови, кои се во сè поголема експанзија во светот, како по масовноста така и по атрактивноста, истакнаа актуелните градоначалници.

skejt park

– Скејт паркот ќе биде лоциран до Паркот на франкофонијата, во близина на ресторанот Опатија со што ќе се создадат услови за рекреирање на сите млади луѓе кои се занимаваат со овој спорт. Скејт-паркот ќе биде изграден според сите меѓународни стандарди и норми, со многу содржини, со што ќе се задоволи потребата на една голема група на луѓе – изјави Трајановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top