– Проектот „Бошава” е еден од најинтересните проекти кои се спроведуваат во Република Македонија бидејќи претставува спој на неколку значајни компоненти – изави вицепремиерот Владимир Пешевски кој денеска присуствуваше на почетоток на изградбата на овој голем проект во Кавадарци, инвестицијата вредна над 13 милиони евра.
– Се работи за странска инвестиција, а привлекувањето на странските инвестиции е генерална определба на Република Македонија. Ова е проект за искористување на природните потенцијали кои ги има државата. Со овој проект ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија што значи заштита на животната средина, а се решаваат и потребите од инфраструктурата на граѓаните од неколку општини. Ќе има доволно вода за пиење и рестрикцииите во водоснабдувањето ќе станат минато за овој крај. Но, ќе има и вода за наводнување во земјоделството – рече вицепремиерот Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)