| четврток, 6 декември 2018 |

Леонарда Дибрани протерана од Франција

leopnarda dibraniАдминистративниот апелациски  суд од Нанси ја потврди одлуката за протерувањето на семејството на Леонарда Дибрани, донесена од Суд од Безансон. Протерувањето на Леонарда и нејзиното семејство на Косово во октомври 2013 година, посебно нејзиното апсење кога таа беше на возраст од 15 години во училишниот автобус, предизвика повеќе протести на средношколците во Франција и полемика од која не беше пошетеден ни шефот на државата Франсоа Оланд.Leonarda-Dibrani-586x399

Семејството Дибрани беа населени во Франција до 2009 година со сите нивни шест деца во Понтарлие во департманот на Дуб во близината на границата со Швајцарија. Административниот суд од Безансон минатата година ја отфрли жалбата на семејството против протерувањето, со оцена дека оспоруваните мерки биле регуларни.

Судот во таа пригода, исто така, образложи дека не постојат пречки за враќање на семејството во Косово и дека не постојат перспективи за економскo и социјалнo вклопување на таткото и мајката на Леонарда во француското општество. Францускиот претседател ѝ понуди на Леонарда Дибрани да се врати во Франција за да го заврши школувањето, но таа го одби таквиот предлог. FRANCE-POLITICS-ROMA-KOSOVO-RIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top