| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за шест скопски бизнисмени кои проневериле 335.000 евра

Финансиската полиција по неколку месечна истрага успеа да разбие уште една, овојпат шест члена група, осомничена дека со финансиски криминал успеала да заработи нешто повеќе од 335.000 евра.

Против шесте осомичени лица во текот на денот до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесена е кривична пријава за сторени повеќе кривични дела измама, даночно затајување, фалсификување или уништување на деловни книги, помагање и кривично дело поттикнување.

-Според податоците од истрагата, првопријавениот Б.А сопственик и управител на Друштвото за градежништво, трговија и услуги БАС ПРОЕКТ ДООЕЛ експорт-импорт од Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2013 година искажал и доставил невистинити податоци во ДДВ пријавата за влезниот промет каде за наводно извршени набавки на стоки и услуги искористил фалсификувани влезни фактури од правните лица ПРОФЕСИОНАЛ ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ЦУЗО-ЕС ДООЕЛ увоз-извоз Батинци. Во оваа активност првопријавеиот добил логистика од второпријавениот И.И и четвртопријавениот С.Е кои му помогнале на Б.А да ги доведе во заблуда службените лица задолжени за контрола на повратот на ДДВ при што успеал да наплати 64.000 евра поврат на ДДВ од Буџетот на Република Македонија, соопштуваат од Финансиската полиција.

Првопријавениот Б.А помогнат од И.И за даночниот период 01.04.2013-30.06.2013 година евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект БАС Проект ДООЕЛ од Скопје, фиктивни влезни фактури од правното лице ПРОФЕСИОНАЛ ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје управувано од второпријавениот И.И, врз основа на кои за даночниот период 01.04.2013-30.06.2013 до Управата за јавни приходи во ДДВ пријавата искажал лажни податоци и извршил неоснована одбивка на ДДВ во износ од 7.700 евра.

Б.А во периодот август-декември 2013 година помогнат од И.С искористил и влезни фактури за наводно извршени услуги од правното лице ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН СТС ДООЕЛ увоз-извоз с.Студеничани. Со помош на овие лажни фактури првопријавениот го оштетил Буџетот на Република Македонија за дополнителни 20.000 по основ на ДДВ, а како резултат на прикажаните нереални трошоци во завршната сметка на фирмата за 2013 година, дополнитено затаил 11.000 евра Данок на добивка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top