| четврток, 6 декември 2018 |

Колку времето ги има сменето најголемите заводници на Холивуд

На времето не се имуни ниту големите холивудски заводници. Годините си го прават своето, но единствено нивниот шарм и талент останал ист.

Глумецот денес има 71 година. Првиот филм го сними во 1966 година и зад себе има многу филмски наслови. Со Диандра Лукер беше во брак  од 1977 до 2000 година.

По разводот се ожени со Кетрин Зета Џонс, со која сѐ уште е во брак. Со Кетрин имаат две деца, Дилан Мајкл и Керис Зета.

Мајкл Даглас во 2013 година се избори со ракот на грло.

Мајкл Даглас

Мајкл Даглас

Педесет и четиригодишниот Џорџ Клуни со својот талент дојде до „Оскар“ и да „Златен глобус“. Минатата година го освои Амал Клуни, позната адвокатка за борба за човекови права, со која се ожени во септември 2014 година во Венеција.

Џорџ Клуни

Џорџ Клуни

„Умри машки“, „Дванаесет мајмуни“ се само некои од акциските хитови во кои глумеше талентираниот Брус Вилис. Тој денес има 60 години, два брака и пет ќерки.

Брус Вилис

Брус Вилис

Харизматичниот Џон Траволта оваа година полни 59 години. Успеа да оствари улоги во култните филмови како што се „Саботна полноќна треска“, „Евтини приказни“ и „Брилијантин“.

Џон Траволта

Џон Траволта

Мел Гибсон, кој следната година ќе полни 60 години, е јунакот од „Смртоносно оржје“ и „Лудиот Макс“. Тој и денес  ја има онаа заводлива насмевка и поглед.

Мел Гибсон

Мел Гибсон

Бред Пит, татко на шест деца и сопруг на Анџелина Џоли, во својата педесет и трета година важи за еден од најголемите холивудски заводници.

Изгледот и стилот многу се менувал со годините, но она што дејствува како магнет за жените, останатло исто.

Бред Пит

Бред Пит

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top