Лоши десеттина минути одигра македонскиот првак во Словачка на гостувањето кај Татран Прешов, што беа пресудни за пораз од 22-31. До 49.. минута домаќините имаа предност од само еден гол 21-20, а десеткуваниот состав од Македонија одлично се држеше. Финишот сепак убедливо им припадна на ракометарите на Татран Прешов, кои постигнаа 7 гола во серија за недостижни 28-20, по што мечот беше решен.
Радослав Антл со 8 гола и Доминик Крок кој беше најефикасен на мечот со 9 погодоци беа нерешлива енигма за одбраната на Металург. И голманите на македонскиот шампион немаа свој ден одбранија само 3 удари, па поразот од 9 гола разлика е логичен расплет на настаните.
Кај Металург Ренато Вугринец беше на поаскуваното ниво и постигна 9 погодоци, а Филип Миркуловски одигра нова добра партија со 5 гола. Македонскиот шампион остана на шестата позиција со 14 бода, а Татран се зацрвсти на третото место со 27 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.