Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да откријат од каде се снимките на кои Заев признава соработка со тајна странска служба, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев сам призна дека соработувал со странска тајна служба. Зоран Заев сам кажал дека се заканувал и го уценувал државниот врв во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој рече дека токму Јавното обвинителство потврдило дека постои кривично дело во кое е инволвиран премиерот Никола Груевски.
Според партијата на власт, Шилегов на трагичен и крајно неинтелегентен начин се обидува да го испере од срамот неговиот партиски шеф Зоран Заев за скандалозната соработка со странска служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)