| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 230 Египќани осудени доживотно

zatvor

Египетскиот суд осуди денеска 230 лица, меѓу кои еден од водечките активисти и организатори на бунтот во 2011 година, на доживотен затвор поради учество во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили пред четири години

Судијата Мухамед Наги Шехат денеска изрече пресуди против 230 обвинети лица, меѓу кои и секуларниот активист Ахмед Дума.

Дума веќе издржуваше тригодишна казна затвор поради кршење на драконскиот закон за протести.

Денешната судска одлука е најтешка досега изречена пресуда против секуларните активисти, кои ги предводеа масовните протести пред четири години, кои го принудија долгогодишниот автократски претседател Хосни Мубарак да се повлече од власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top