| четврток, 6 декември 2018 |

Свето трето женско во МКЦ

svetoTretozensko-520x320

„Тииит! Инц.“ и Радио 103 организираат три женски филмски вечери во МКЦ, ќе бидат прикажани девет филмови од девет режисерки, по филмовите ќе се одржат и три дискусии со авторките и со познавачи на филмот, проследени со три ди-џеј сетови на девојките од 103-ка.

– Статистиката на светско ниво вели дека само 16 отсто од сите активни филмски режисери, продуценти, писатели, кинематографери и монтажери денес се жени. Од друга страна, прв пат во историјата на иднината на македонската кинематографија, класата по филмска режија на ФДУ во Скопје е женска класа. Дури 4 од 6 студенти се девојки, кои за неколку години ќе им се придружат на петте филмски режисерки кои таму дипломираа во изминативе пет години. Сите умни, смели женски со уникатен поглед на светот и автентично толкување на тоа што е филм. Прават добри филмови и собираат награди по меѓународни фестивали – велат од „Тииит“.

Филмската режија во Македонија ја доживува својата женска ренесанса. И тоа вреди да се одбележи.

– „3“ е важен број, исто како што на овие девојки им е важно и Прво па женско, па благодарение на добрата волја на сите учесници во нив, овие настани ќе бидат прилика за fund raising за третото издание на фестивалот што ќе се одржи од 6 до 8 март во МКЦ – пишуваат од „Тииит! Инц.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top