| четврток, 6 декември 2018 |

Изградбата на патиштата ќе ангажира над 2.000 работници

пат3

Над 2.000 работници ќе бидат ангажирани годинава на изградба на патишта низ Македонија. Согласно податоците на Агенцијата за патишта, во 2015 година планирано е да се работи на 184 км патишта, без автопатите, во кои годинава ќе се инвестираат 223 милиони евра.

Над илјада луѓе годинава ќе се ангажираат на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци–Штип. Годинава во автопатот Кичево-Охрид планирано да е се инвестираат 70 милиони евра, а во автопатот Миладиновци Штип 50 милиони. Работите на  Демир Капија- Смоквица се во понапредна фаза и за изградба на овој автопат годинава ќе се потрошат 38 милиони евра.

Годинава ќе се врши рехабилитација и на 37 километри автопат и тоа на делниците Велес-Катланово, Гевгелија-Смоквица и Куманово-Миладиновци.

Треба да почне изградбата на регионалните патишта Градско-Прилеп и Штип-Кочани. Исто така, ќе продолжи градбата на Велес-Кадрифаково и Новаци-Добрушево.

Со сопствени средства Агенцијата за патишта ќе ги гради патот до Сончев град, Опаје-Белановце-Станчиќ и Арачиново-Липково-Оризари во должина од 9,5 км.

Со средства од Светска банка ќе се врши рехабилитација на магистрални и регионалните патишта Битола-Ресен-Буково, Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар, Кочани-Делчево, Тетово-Брвеница-Чегрово-Гостивар, Делчево-Голак, Мокрино-Смолари, Нов Дојран-Николиќ, Мелнички мост- Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани-Обршани-Воѓани во вкупна должина од 83 километри.

Ќе се градат и 46 локални патишта во должина од 57 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top