Над 2.000 работници ќе бидат ангажирани годинава на изградба на патишта низ Македонија. Согласно податоците на Агенцијата за патишта, во 2015 година планирано е да се работи на 184 км патишта, без автопатите, во кои годинава ќе се инвестираат 223 милиони евра.
Над илјада луѓе годинава ќе се ангажираат на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци–Штип. Годинава во автопатот Кичево-Охрид планирано да е се инвестираат 70 милиони евра, а во автопатот Миладиновци Штип 50 милиони. Работите на Демир Капија- Смоквица се во понапредна фаза и за изградба на овој автопат годинава ќе се потрошат 38 милиони евра.
Годинава ќе се врши рехабилитација и на 37 километри автопат и тоа на делниците Велес-Катланово, Гевгелија-Смоквица и Куманово-Миладиновци.
Треба да почне изградбата на регионалните патишта Градско-Прилеп и Штип-Кочани. Исто така, ќе продолжи градбата на Велес-Кадрифаково и Новаци-Добрушево.
Со сопствени средства Агенцијата за патишта ќе ги гради патот до Сончев град, Опаје-Белановце-Станчиќ и Арачиново-Липково-Оризари во должина од 9,5 км.
Со средства од Светска банка ќе се врши рехабилитација на магистрални и регионалните патишта Битола-Ресен-Буково, Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар, Кочани-Делчево, Тетово-Брвеница-Чегрово-
Ќе се градат и 46 локални патишта во должина од 57 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.