| четврток, 6 декември 2018 |

Јордан ја егзекутира ирачката милитантка

јордан2

Јордански владини извори соопштија дека Ирачанката Саџида ал Ришави била егзекутирана, заедно со уште еден ирачки милитант.
Новинската агенција Ројтерс цитира владини извори кои велат дека таа била обесена со уште еден затвореник за кој се наведува дека бил висок припадник на Ал Каеда.
Ал Ришави беше осудена за нејзината улога во бомбашките напади во еден хотел во Аман во 2005 година кога беа убиени десетина луѓе.
Милитантите на Исламската држава бараа нејзино ослободување во замена за ослободување на јорданскиот пилот кој беше заробен во декември лани откако неговиот авион се урна во Сирија. Вчера исламските милитанти објавија снимка на која е прикажано дека тој бил жив запален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top