
– Не ме навлекувајте, не сакам да зборувам за политика – вели еминетниот македонски режисер Александар Поповски, чија претстава „Да живее Хармс! Чудата постојат“ на загребскиот сатиричен театар „Керемпух“ вечерва ќе гостува во Драмски театар во Скопје, објаснувајќи зошто направил избор од делата на Данил Хармс и решил да ја постави оваа претстава.
Хармс е авангарден руски и советски писател меѓу двете светски војни, кој починал во затворската болница во Новосибирск, прогонуван од власта.
– Хармс нѐ учи како да се биде слободен. Ние мислиме дека слободата ни е дадена засекогаш. Но, мора да се бориме за сопствената слобода. Хармс раскажува прекрасни приказни, пишува во кодови, едноставно тој е мајстор. Пишувал приказни за деца, да не го „фатат“ што пишува – вели Поповски.
Претставата вечерва гостува во Драмски театар (20 часот), а билетите се распоредадени.
Роберт Вељановски, директорот на Драмски театар најави дека Поповски ќе работи нова претстава во Драмски, „Змејот“ чија премиера се очкува кон крајот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Александар Поповски поднесе оставка од УО на МНТ: Во културата треба да се мрднеме од местото каде што сме затоа што сега одиме по инерција


