| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ се запиша во историјата на НБА со најдолга серија во ист месец

Перо Антиќ ќе биде запишан во историјата на НБА-лигата со оваа генерација кошаркари на Атланта хоuкс, а причина е јануарската серија од 17-0. Тоа е најдолгaтa низa на победи во ист месец од постоењето на најсилната кошаркарска лига на планетата.

Ноќеска „јастребите“ беа скротени од Њу Орлеанс пеликанс, серијата од 19 победи заврши, но Хоукс останаа водечка екипа во источната конференција. Со серијалот од 19 успеси по ред, кошаркарите на Атланта станаа петтата најуспешна екипа според бројот на триумфи во низа. Рекордери се Лејкерси од генерацијата што ја освои титулата во сезоната 1972/73 со 33 победи едноподруго. Тоа е и најдолгата низа во историјата на сите професионални лиги во САД.

Atlanta Hawks Media Day in Atlanta

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top