| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија ги засилува безбедносните мерки поради заканите од Исламска држава

Јапонската Влада нареди да се засилат мерките за безбедност во земјата, пред сè, за да се спречат терористички напади во транспортните средства и да се засили контролата при влез во земјата.

– Ова се прави поради заканите против јапонските граѓани од страна на групата Исламска држава – соопшти денеска на прес конференција министерот за државни земји, инфраструктура, транспорт и туризам Акихиро Ота, пренесе ТАСС.

– Ќе биде засилено обезбедувањето на аеродромите и на железничките објекти, како и проверките на пловните објекти што пристигнуваат од странство – рече министерот.

Претходно во Токио беше соопштено дека имиграциските служби и царината ја засилуваат контролата на документите на странците што влегуваат во земјата.

Во јапонската престолнина денеска се оддржа заседание на Штабот за спроведување на мерките во однос на меѓународниот криминал и тероризам. на кое биле разгледани начините за гарантирање на безбедноста на јапонските граѓани во странство.

Во ноќта меѓу 31 јануари 1 февруари групата Исламска држава на интернет лиферуваше видеоснимка од убиството на јапонскиот заложник, новинарот Кенџи Гото. Екстремистот од ИД што го егзекутира Гото изјави дека „се радува за крвта на Јапонците“ и се закани со нови терористички акти.

Џихадистите соопштија дека Јапонецот бил убиен како одмазда за поддршката што Токио им ја дава на воените операции против исламистите.

Неколку дена пред ова беше убиен и Јапонецот Харуна Јукава, кој, исто така, беше заробен од борците на Исламска држава. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top